Ибрахимовиќ се сели во ЛА Галакси

Фудбалерот на „Манчестер јунајтед“, Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ е на прагот на трансфер во „ЛА Галакси“ во САД, пишува ЕСПН. Тренерот на „Јунајтед“, Жозе Мурињо му дозволил на Швеѓанецот да си замине четири месеци пред да му истече договорот. Тој во следните две до три недели би требало да потпише со новиот клуб.

Најголемата шведска фудбалска ѕвезда дојде во Манчестер во 2016 година и беше вистински хит во првата сезона со 28 гола на 46 натпревари. Сепак, кон крајот на сезоната ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и мораше да паузира подолго.

Тој одби да зема плата од клубот додека беше на лекување, кое, пак, траеше рекордно кратко, со оглед на сериозноста на повредата. Есента се врати во форма и откако беше ослободен од клубот, потпиша нов договор.
Ромелу Лукаку е првиот напаѓач на тимот па Ибрахимовиќ одигра само седум меча и постигна еден гол.