Спорт

Ибрахимовиќ: Да живее Франција!

Ибрахимовиќ: Да живее Франција!

Фудбалерот на ПСЖ Златан Ибрахимовиќ на свој начин и се извини на француската јавност за неодамнешната изјава дека оваа земја не го заслужува овој тим.

Неговата екипа во саботата ја прослави новата шампионска титула, а шведскиот фудбалер го зема микрофонот и викна: Да живее Франција!

Ибрахимовиќ предизвика вистинска бура во месец март кога по поразот на својот тим изјави:

-За 15 години играње фудбал не сум видел вакво го*но од судија, ова е по*рана земја. Франција не го заслужува ПСЖ.

Тој потоа се правдаше дека не мислел така, но сепак заработи четири меча суспензија.

Извор: Курир