Спорт

Ибрахимовиќ: Добив аплауз од само 500 фудбалски фанови

Ибрахимовиќ: Добив аплауз од само 500 фудбалски фанови

Најголемиот фаворит за победничкиот пехар, тимот на ПСЖ, со убедливата победа од 5:2 во дуелот против второлигашот Брест обезбеди пласман во 1/16 финалната рунда од Купот на Франција.

Најзаслужен за убедливата победа е шведскиот интернационалец, Златан Ибрахимовиќ кој во првите 45 минути постигна три погодоци.

Пред да биде заменет, Ибракадабра беше награден со громогласен аплауз, но контраверзниот напаѓач по натпреварот изјави дека добил аплауз од само 500 фудбалски фанови.

“Громогласен аплауз? Ништо специјано. Имаше само 500 фудбалски фанови на трибините. Јас сум многу среќен што новата година ја започнав со три погодоци. Не ни беше лесно, условите за игра не беа баш најдобри, сепак сите сме среќни поради пласманот во следната рунда”, изјави Ибрахимовиќ.