Ибрахимовиќ е без конкуренција во Франција

Како и што се очекуваше, најголемата ѕвезда во дресот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, повторно ја освои престижната награда “Најдобар фудбал во француската Прва лига”.

Далеку помалку гласови освоија неговите тимски колеги, Тиаго Силва и Тиаго Мота, а во игра за индивидуалната награда беше и колумбискиот интернационалец од редовите на Монако, Џејмс Родригез.

“Втора година по ред ја освојувам оваа престижна награда. Ова е голема чест за мене. Сакам јавно да им се заблагодарам на моите тимски колеги, на нашиот тренер Лорен Блан, на клупските челници и на најверните фанови. Мислам дека ова е најдобрата сезона во мојата фудбалска кариера. ПСЖ имаше фантастична сезона, а се надевам дека повторно ќе ја одбраниме шампионската титула, дека ќе славиме во куп-натпреварите, во Лигата на шампиони и ќе освојам уште некоја индивидуална награда во новата сезона”, изјави Ибракадабра кој има постигнато 25 погодоци на 32 натпревари.

Наградата за најдобар голман заврши кај чуварот на ПСЖ, Салваторе Сиригу, а неговиот тимски колега, Марко Верати ја освои наградата за најдобар млад фудбалер.

Предводникот на Лил, Рене Гирард ја освои наградата за најдобар тренер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.