Спорт

Ибрахимовиќ го однесе ПСЖ во финалето на Купот

Ибрахимовиќ го однесе ПСЖ во финалето на Купот

Париз Сент Жермен се пласираше во финалето на францускиот куп, откако на “Паркот на принцовите” го совлада Сент Етјен со убедливи 4:1.

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ блескаше во дресот на “светците”, постигнувајќи хет – трик, а еднаш во листата на стрелците се запиша и Езекиел Лавеци.

Сент Етјен во првото полувреме одлично парираше, успеа да израмни на 1:1 со голот на Хамума, но во вториот дел ПСЖ постигна уште три погодоци и успеа да се пласира во финалето, каде ќе ги одмери силите со Оксер.

Веднаш по натпреварот Ибра доби и награда за својот 100-ти постигнат гол во дресот на “Светците”, а сето тоа го сподели и со фотографија на социјалните мрежи.

ibrаhimovic