Ибрахимовиќ го постигна 50-от гол за Шведска

Златан Ибрахимовиќ ги постигна двата гола во победата на Шведска над Естонија и со тоа стана најдобриот стрелец во репрезентацијата со 50 погодоци. Капитенот на националниот тим го подобри рекордот на Свен Ридел од 49 гола, одбележан во периодот од 1920 до 1930 година.

Освен тоа Ибра против Естонија го одигра 99 натпревар во дресот со националните обележја, а во понеделник против Австрија во 1. коло од квалификациите за ЕП 2016 година може да го запише јубилејниот 100. натпревар.

ШПАНИЈА ПАДНА ВО ПАРИЗ

Шпанија претрпе пораз на гости од Франција на контролниот натпревар пред квалификацискиот дуел со Македонија во понеделник. За „црвената фурија“ дебитираа Пако Алкасер, Дани Карвахал, Микел Сан Хозе и Раул Гарсија, а настапија и играчи кои досега добиваа мала минутажа како Де Геа, Итураспе, Коке и Иско меѓутоа не успеаја да извлечат барем реми против домаќинот на идното ЕП. Победничкиот погодок беше дело на Лоик Реми во 73 минута.

КОНТЕ ТРГНА СО ТРИУМФ

Деби од соништата за новиот италијански селектор Антонио Конте. Поранешниот тренер на Јувентус кој ја презеде селекцијата од Чезаре Прандели имаше малку време за запознавање на екипата, но неговите избраници му подарија победа над Холандија на стадионот Сан Никола во Бари.

Работата беше завршена во првите 10-тина минути. Прво Имобиле ја затресе мрежата, а потоа и Де Роси од пенал за предност од два гола. Во тие моменти Холанѓаните останаа со играч помалку поради црвениот картон на Мартинс Инди. Во продолжение на мечот мрежите не се затресоа па на семафорот остана 2:0 за Италија.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

КИНА – КУВАЈТ 3:1

Јанг 53’, Ханчао 64’, Леи

УЗБЕКИСТАН – ЈОРДАН 2:0

Сергеев 58’, Ѕурајев 90’

БИХ – ЛИХТЕНШТАЈН 3:0

Ибишевиќ 1’, 14’, Џеко 24’

ИРАК – ПЕРУ 0:2

Каленс 19’, Замбрано 26’
БЕЛОРУСИЈА – ТАЏИКИСТАН 6:1
Стасевич 7’, Корниленко 55’, Кривец 59’, Олехнович 61’, Кислак 62’, Алексиевич 75’ – Фаткулев 24’
СЛОВАЧКА – МАЛТА 1:0
Немец 43’

ШВЕДСКА – ЕСТОНИЈА 2:0

Ибрахимовиќ 3’, 24’
ХРВАТСКА – КИПАР 2:0
Манџукиќ 18’, 58’

БЕЛГИЈА – АВСТРАЛИЈА 2:0

Мертенс 18’, Витцел 77’
ИТАЛИЈА – ХОЛАНДИЈА 2:0
Имобиле 3’, Де Роси 10’
ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА 1:0
Реми 73’

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.