Ибрахимовиќ: Никој не е подобар од Ел Феномено

Најголемата ѕвезда во дресот на францускиот гигант ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, откри кој фудбалер може да биде дефиниран како комплете и за кој може да се користи епитетот најдобар во фудбалската историја.

„Најдобриот противник во мојата фудбалска кариера? Сум играл против многу фудбалери, против многу незгодни дефанзивци и напаѓачи. Искрено, има неколку од кои сум импресиониран, но за мене, најдобар е Роналдо. Тука мислам на “Ел Феномено”. Зошто? Роналдо е мојот идол, станува збор за комплетен фудбалер, за фудбалер без ниту една мана, за вистинско совршенство. Според мене, никогаш нема да се појави толку добар фудбалер, каков што беше Роналдо”, изјави репрезентативецот на Шведска.

Легендарниот репрезентативец на Бразил има одиграно нешто повеќе од 500 натпревари во својата кариера и има постигнато 350 погодоци.