Ибрахимовиќ: Се беше полесно после првиот погодок

Репрезентативецот на Шведска, Златан Ибрахимовиќ постигна два погодока и е најзаслужен за убедливиот триумф од 4:0 во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони, каде за противни го имаа очајниот тим на Баер од Леверкузен.

Популарниот Ибракадабра по натпреварот изјави дека натпреварот добил сосема поинаков тек после првиот погодок кој беше постигнат на самиот старт од натпреварот.

„Добар натпревар. Се е полесно кога ќе постигнеш погодок на стартот од натпреварот, а уште е полесно кога на себе го носиш дресот на ПСЖ. Во првото полувреме постигнавме три погодоци, а во второто го наметнавме нашиот стил на игра. Сите мора да бидеме задоволни од кончениот резултат, но се уште не сме ја исполниле зацртаната цел кога е во прашање Лигата на шампиони”, изјави Ибрахимовиќ кој веќе има постигнато 10 погодоци во годинашното издание на Лигата на шампиони.