Ибрахимовиќ се пензионира во дресот на Селтик

Контроверзниот напаѓач на актуелниот шампион на Франција, Златан Ибрахимовиќ, повторно е во центартот на фудбалското внимание но сега со изјавата дека сака својата кариера да ја заврши во дресот на шкотскиот гигант Селтик.

„Селтик е клуб со голема традиција, а стадионот ’Селтик парк’ место на кое секој врвен играч би сакал да ја заврши кариерата. Како можете да не посакате да играте за такви навивачи секоја недела. Хенрик беше доволно квалитетен да игра во кој било европски клуб. Но, откако ја почуствував атмосферата на Селтик парк јасно ми е зошто долго не сакаше да замине од таму“, изјави Ибрахимовиќ.