Ибрахимовиќ: За без пари ќе играм за Борусија Д.

Свое шоу пред телевизиските камери имаа тренерот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд и контроверзниот напаѓач на актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ: “Кога ќе ме донесеш во редовите на Борусија од Дортмунд?”
Клоп: “Ќе морам прво да го продадам целиот прв тим!”
Ибрахимовиќ: “Не, јас ќе играм без пари за Борусија Д.”.
Клоп: “Ќе дојдеш како слободен фудбалер и ќе играше без пари? Дали ја слушнавте изјавата на Ибрахимовиќ? Ќе игра без пари за Борусија Д. Овој разговор не е за претседателот на ПСЖ”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.