Ибраими ги тестира дефанзивците на Јувентус

Само три погодоци беа постигнати на првите два натпревара од 19. коло во италијанската Серија А.

Дуелот помеѓу екипите на Ливорно и Парма заврши со убедлив триумф на гостинот од 3:0, а без погодоци заврши пресметката помеѓу екипите на Болоња и Лацио.

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, важи за апсолутен фаворит во денешниот дуел против екипата на Калјари, чии дрес го носи и репрезентативецот на Македонија, Агим Ибрими,  а обврска да ја оправдат фаворитската улога, но во дуелот против екипата на Џена имаат и фудбалерите на Рома.

Далеку потешка задача ќе има екипата на Наполи која ќе се обиде да оствари позитивен резултат во дуелот со одличниот тим на Верона, а најверојатно шанса да настапи во првиот тим ќе добие и македонскиот интернационалец, Горан Пандев.

Новајлијата во елитното друштво, тимот на Сасуоло не би требало да биде некоја посериозна пречка за тимот на Милан.

Денеска на програмата: Торино – Фиорентина, Аталанта – Катанија, Калјари – Јувентус, Рома – Џенова, Верона – Наполи, Сасуоло – Милан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.