Спорт

Ибраими гостува на Сицилија, Милан го напаѓа Удинезе

Ибраими гостува на Сицилија, Милан го напаѓа Удинезе

Тимот на Удинезе, традиционално важи за незгоден противник на италијанскиот калчо гигант Милан, но по пауза од неколку недели, предводникот на “росонерите”, Кларенс Сидорф, повторно на располагање ги има услугите на најголемата ѕвезда, контроверзниот напаѓач, Марио Балотели.

“Марио се уште чувствува болка во десното рамо, но ќе мора да стисне заби и ќе мора да се носи со таа болка. Во комбинација е за гостувањето во Удине, но не знам дали ќе стартува од првата минута или ќе почне од клупата за резервни фудбалери. Истото се однесува и за Кристијан Запата, кој успешно се рехабилитираше од последната повреда. Удинезе е незгоден противник, но Милан ќе игра на победа”, изјави Сидорф.

Денеска ќе се одигра и првенствената пресметка на Сицилија, дуелот помеѓу екипите на Катанија и Каљари, а голема е веројатноста дека најпосле шанса да настапи од првата минута ќе добие и репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими.