Ибраими помеѓу најдобрите 11 во Словенија

Македонскиот интернационалец Агим Ибраими е избран во најдобриот тим на сезоната 2014/15 во Словенија.

Ибраими се најде и во финалниот избор меѓу три играчи и за фудбалер на сезоната, но сепак ова признание замина во рацете на Бенјамин Вербиќ.

Македонскиот фудбалер остави уште една квалитетна сезона во дресот на Марибор, по која повторно е во идеалниот тим на сезоната. Согласно најавите, се очекува ова лето Ибраими да реализира трансфер надвор од Словенија, но не се исклучува можноста да биде дел од тимот низ квалификациите за Лигата на шампионите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.