Ибраими потпиша за Шкендија, Фелипе нов играч на Вардар

Фудбалските екипи од Македонија кои обезбедија настап во квалификациите за евро-куповите се наоѓаат на подготвки, а управите се ангажирани за иснаоѓање нови играчи како засилувања за претстојната сезона.

Од денеска Шкендија од Тетово ќе може да смета на уаслугите на повремениот македонски репрезентативец Бесарт Ибраими кој доаѓа од кипарскиот Ермис, пренесе МИА.

Ибраими пред пет години со Ренова го има освоено шампионскиот трофеј во Македонија и од тогаш играше во странство, прво во Шалке, потоа во украински клубови по што отиде на Кипар.

Според медиумите во Бугарија нов член од денеска има и Вардар, откако за шампионот одлучи да настапува Бразилецот Фелипе. Тој во Скопје доаѓа од ЦСКА Софија.

Жуан Фелипе во најскоро време треба да им се приклучи на соиграчите кои се наоѓаат на подготовки во Австрија.