Ибраими: Со агресивна игра до победа над Летонија

Охрабрен од дебитантскиот погодок кој го постигна во италијанската Серија  А, напаѓачот на Каљари, Агим Ибраими пред пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Летонија изјави дека атмосферата во македонската соблекувална е на највисоко можно ниво и дека сите посакуваат победа на старот од новиот циклус.

“Атмосферата е на највисоко можно ниво. Сите репрезентативци се подотвени за овој нов предизвик, сите се мотивирани. Можам да ветам дека ќе дадеме максимумот, дека ќе пробаме со една агресивна игра да оствариме победа и да ги израдуваме нашите верни фанови. Сакаме со победа да го започниме новиот циклус”, изјави Ибраими кој сигурно ќе биде дел од почетниот состав и ќе биде можеби најголема опасност пред голот на Летонија.