Ибраими стави крај на авантурата во Калјари

Репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими стави крај на својата авантура која ја имаше во дресот на Калјари и најверојатно во новата клупска сезона нема да настапува во италијанската Серија А.

Ибраими во изминатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер од редовите на словенечкиот прволигаш Марибор, но раководните лица на Калјари не ја искористија опцијата, за 1.2 милиони евра да го откупат неговиот договор.
Иако ќе се врати во редовите на Марибор, голема е веројатноста дека одличниот играч за врска ќе порнајде нов клуб за време на летниот преоден рок.

Минатата сезона Агим Ибраими во дресот на Калјари одигра 25 натпревари и беше стрелец на два погодоци во Серија А.