Ибракадабра донесе нова титула за тимот на ПСЖ

Тимот на ПСЖ е освојувач на Суперкупот на Франција откако го совлада тимот на Гингамп со 2:0. Натпреварот беше одигран во Пекинг.

Најзаслужен за победата на ПСЖ во Суперкупот е кој друг ако не – Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот со босанско потекло по којзнае кој пат беше најдобриот играч на тимот од Париз и со двата погодока во 9. и 20. минута ја запечати судбината на Гингамп уште во првото полувреме.

Со оваа победа ПСЖ ја започна новата сезона како што ја заврши претходната – со титула.

https://www.youtube.com/watch?v=4A8yySkBLAI