четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

ИБРД го одобри заемот од 25 милиони евра за подобрување на општинските услуги

Svetska banka

Последни вести

Бордот на извршни директори при Светска банка го одобри ИБРД заемот од 25 милиони евра за Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2) во Македонија, јавува МИА.

Повлекувањето на средствата ќе почне по престојните избори

Како што соопшти денеска Канцеларијата на Светска банка во Скопје, проектот има за цел да ги подобри транспарентноста, финансиската одржливост и инклузивноста во обезбедувањето на општинските услуги во целата земја, а со оглед на изборниот циклус во Република Македонија, МСИП2 ќе стапи на сила и повлекување на средствата ќе почне по завршувањето на претстојните парламентарни избори.

МСИП2 ќе обезбеди подзаеми на општините за инфраструктурни инвестиции: снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрувања во енергетската ефикасност на општинските згради и друга општинска инфраструктура со висок приоритет која влијае врз добросостојбата на жителите и ефикасноста на услугите. Исто така, со проектот ќе се воведе грант компонента за подобрување на испораката на услугите и инфраструктурата за сиромашните и маргинализирани заедници низ општините во Македонија.

МСИП2 ќе обезбеди подзаеми на општините за инфраструктурни инвестиции: снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрувања во енергетската ефикасност на општинските згради и друга општинска инфраструктура

МСИП2 ќе обезбеди подзаеми на општините за инфраструктурни инвестиции: снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрувања во енергетската ефикасност на општинските згради и друга општинска инфраструктура

Вкупно 57 од 80 општини во земјата избраа да учествуваат во првиот Проект за подобрување на општинските услуги и имплементираат или веќе ги завршиле приоритетните инфраструктурни проекти, 36 проценти од овие проекти биле за рехабилитација на улици, 13 проценти за водоснабдување, 13 проценти за рехабилитација на општински згради, 13 проценти за подобрувања во енергетската ефикасност, 12 проценти за управување со цврст отпад и 13 проценти за набавка на возила за комунални услуги или други приоритети.

Вториот Проект за подобрување на општинските услуги ќе продолжи со поврзување на инвестициите во приоритетната инфраструктура со поголема транспарентност и одговорност на власта, и силен граѓански ангажман на локално ниво. Гледано напред, би сакале да ги охрабриме сите општини во Македонија да земат учество во проектот и да се осврнат кон сиромаштијата и маргинализираноста преку поголемо инвестирање во нивните посиромашни заедници, вели Елен Голдстин, директор за регионот на Југоисточна Европа при Светска банка.

Вториот Проект за подобрување на општинските услуги се состои од три компоненти

Компонентата…

Најчитани вести