„Ич к.. да не ве боли“ – мислата водилка на СДСМ-овските бизнисмени и новинари

„Ич к.. да не ве боли“, е една фраза многу добро позната на македонската јавност.

Ја кажа еден од транзициските ѕвезди на Бранко Црвенковски, Штерјо Наков, сопственик на „Фершпед“ и на дузина други компании. Ја кажа како изјава за една телевезија, кога беше прашан за приватизацијата на „Фершпед“. Речит човек нема што. Длабока мисла излета од него. Онака, интелектуално тешка. Кратка и јасна. Малку зборови, многу кажано.

Во еден, сигурно нарачан, новинарски портрет за него прочитав дека кога студирал, додека си ги пасел овците таму некаде по некои села во штипско, незнам дали ги има на Гугл Мапс, а се кладам дека таму роаминг се вклучува на мобилен телефон, читал книги и ги спремал испитите за на факултет. Па, си велам, може токму во еден од тие овчарски мигови му дошла на памет оваа „тешка интелектуална мисла“.

Нејсе, години подоцна истата изјава повотрно станува актуелна и се појавува во јавноста во Македонија. Овој пат кажана од главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Вест“, Горан Михајловски. Инаку, тој беше и еден од сопствениците на овој весник. Малцински, но сепак сопственик. Мнозински сопственик, пак, и негов бизнис партнер му беше токму мислителот Штерјо Наков. Вистински гуру изгледа му бил Наков на Михајловски. Како Сократ и Платон.

„Ич к.. да не Ве боли!“ и тресок на телефон, беше реакцијата на Горан Михајловски, на прашањето поставено од новинарите на Нетпрес за тоа каде тој ќе го помине, ако веќе и не го поминал, ова лето годишниот одмор.

Знаеме дека Михајловски милува да одмора луксузно, како зиме така и лето, по Америките, во Лапонија…Му се може. Се дружи со Милчина од Сорос, со Заев, со Трифун Костовски. Што се вели се’ мој до мојега. Можеби годинава, пак, си истерал човекот и три одмори, и затоа вели „ич к.. да не ве боли“. Треба да објаснува за три патешествија, да дава изјави за три уживања. Многу е тоа.

Вака кратко и јасно: „Ич к… да не ве боли“.

Штеки и Гоки то су срца два.

А и Михајловски да не ти бил скопјанец, исто како и Штерјо. Од Охрид потекнувал, не од штипско. Ама сега веќе можеби се чувствува како чистокрвен скопјанец, па се дрзна Охрид да го оцрнува јавно. Поголем католик од папата, стана. Знае се’ за Охрид, иако не живее таму. И за туризмот и за хигиената во градот и за комуналните проблеми и за урбанистичките. Се’. Главен е. А еве на пример, Бакрачевски да не се нервира многу со него, да си го земе советник да му биде? Одлично. Човекот ги знае проблемите на Охрид, нели потеклото му е оттаму, и со леснотија ќе ги решава.

И најважно, како советник на градоначалникот никој нема да му досадува за изјава каде оди на летување или на зимување. Нема да биде интересен повеќе за јавноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.