ИД бараат нови извори на приходи, тврди претставник од ОН

Тој вели дека ИД се обидува да ги зголеми приходите откако почнале да губат територии и откако со воздушните напади изгубиле рафинерии за нафта и останале без дел од приходите.

Ван Боемен кој е и амбасадор на Нов Зеланд во ОН, истакна дека на ИД не им недостасуваат борци ниту оружје. Тој вели дека проценките се дека досега во Ирак и Сирија заминале повеќе до 30.000 странски терористички борци.

Ван Боемен додава дека заканата од ИД се шири географски и расте притисокот врз териториите под контрола на џихадистите во Сирија и Ирак поради што странски борци се почесто се враќаат во своите земји.