ИД егзекутира 217 лица во Палмира и околината

Џихадистите од Исламска држава егзекутираа најмалку 217 лица, вклучувајќи цивили, откако терористичката групација пред девет дена презеде дел од сириската провинција Хомс, во кој се наоѓа и античкиот град Палмира, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, пренесе МИА.

Центарот додаде дека има докази за убиство на 67 цивили меѓу кои и деца и на 150 сириски војници од страна на џихадистите во различни региони на Хомс од 16 мај до денеска.