ИД егзекутирала шест момчиња со апарат за заварување

Весникот „Дејли мејл“, повикувајќи се на неименувани извори од Мосул, пишува дека момчињата се обвинети за поврзаност со движењето за отпор во градот.

– Го направија тоа за да создадат состојба на страв и паника меѓу жителите во градот, истакнал изворот.

Џихадистите со јавно камшикување казниле и три малолетни момчиња поради тренирање фудбал. Едниот од нив носел дрес на Лионел Меси, што е потежок прекршок, бидејќи законите на ИД забрануваат носење спортски дресови.

Ирачката војска во јуни се приближи на околу 60 километри до Мосул, а во тек се подготовки за напад со цел да се солободи овој најголем ирачки град заземен од ИД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.