ИД го откри џелатот на Салопек

ИД го откри џелатот на Салопек
ИД го откри џелатот на Салопек

Долх Клавх и Аах Саина го убиле хрватскиот заложник Томислав Салопек, пишува во пораката од Исламската држава на Твитер, а ја пренесоа странските медиуми.

Како што пишува „Јутарњи.хр“, фотогрфијата од навоното убиство на Салопек е снимена во пустина, а според положбата на сонцето, фотографијата е снимена или рано наутро или приквечер.

Сенките на фотографијата отккриваат дека имало повеќе егзекутери.

Ова е првпат Исламската држава да објавува имиња на егзекутери, кои не се во врска со познатиот џихдистот Џон.

Сите досегашни егзекуции на западни државјани ги направил токмму британскиот џихадист Џон. Тој прво се фотографираше со своите жртви, а потоа следуваше морничава фотографија од убиените. Така беше во досегашите осум егзекуции на западни државјани.

Во случајот со Томислав Салопек, неговите навони убијци не се фотографирани.

Имињата на неговите егзекуери досега не се појавени во јавност и не е позната нивната позиција во хиерархијата на ИД.

Анализата на фотографијата со Салопек, како што дознава „Јутарњи.хр“ покажала дека дел од фотографијата е дигитално обработена, односно дека „поминала низ фотошоп“.

Во претходните случаи на ваквите убиства, по објавената фотографија следуваше и видео-снимка. Во случајот со Томислав, барем засега, нема. Според некои проценки, дури евентуална снимка би моќела да биде потврда за убиството.

Наташа Салопек: „Сакам да верувам дека Томислав е жив, ќе се надевам до крај“

Наташа Салопек: „Сакам да верувам дека Томислав е жив, ќе се надевам до крај“
Наташа Салопек: „Сакам да верувам дека Томислав е жив, ќе се надевам до крај“

Сакам да верувам дека мојот Томслав е жив, на тоа ќе се надевам до крај, рекла за АФП, сопругата на Томслав, Наташа.

Златко Салопек, таткото на Томислав изјавил дека неговио син секогаш бил смирен, бил одличен работник и дека секогаш бил горд на својата Хрватска. Секој би посакал да има таков син, рекол таткото на Томислав за АФП.

Томислав Салопек е киднапиран на 22 јули во Египет, на пат кон работа. Го киднапираа припадници на ИСИЛ кои се заканија дека ќе го убијат доколку египетската влада не ги ослободи од затвор нивните жени.
ИСИЛ вчера објави дека го убиле Томислав.