Свет

ИД го зазеде последниот граничен премин помеѓу Ирак и Сирија

ИД го зазеде последниот граничен премин помеѓу Ирак и Сирија

Џихадистичката организација Исламска држава (ИД) го презеде последниот граничен премин на Сирија со Ирак по повлекувањето оттаму на силите на сирискиот режим, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, пренесе МИА.

Преминот Ал Танф, како што е наречен во Сирија или Ал Валид во Ирак, се наоѓа во сириската провинција Хомс, каде во средата ИД го презеде античкиот град Палмира од владините сили.

Припадник на ИД потврди дека гтупата ја презела контролата врз преминот, кој се наоѓа на 240 километри од Палмира, јави БТА.

Ирачки претставници изјавија дека ираачките сили исто така се повлекле од нивната страна на преминот.

Засега не е познато кога точно ИД воспоставила контрола врз преминот.

ИД исто така го контролира граничниот премин меѓу сириската провинција Деир ал Зур и ирачката провинција Анбар, а друг премин на границата меѓу двете земји во североисточна Сирија е под контрола на курдската милиција.