ИД им се закани на Обама, Јапонија и Јордан

Припадниците на Исламска држава денеска емитуваа три нови видео-снимки, во кои се закануваат дека ќе ги убијат јорданските и јапонските заложници, но упатија и директна закана дека ќе го обезглават американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, јави телевизијата „Фокус њуз“, пренесе МИА.

Во едната видео-снимка тројца борци на ИД стојат над клекнат курдски борец кој му порачува на Обама дека ќе оди во САД.

– Обама знај дека ќе дојдеме во Белата куќа и таму ќе ти ја отсечеме главата, вели борецот.

Екстремистите исто така ги предупредуваат и евроските држави Франција и Белгија дека ќе извршуваат напади со автомобили-бомби.

Во посебна порака ИД се заканува дека ќе ги убијат јапонскиот заложник и јорданскиот пилот ако за помалку од 24 часа не ја ослободат терористката Саџиде ал Ришави од јордански затвор.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе за видео-снимката на ИД изјави дека е „достојна за презир“.