ИД испорачува половина од вкупното количество хероин на европскиот пазар

Половина од вкупното количество на хероин кое е присутно на европскиот пазар го испорачува Исламската држава, изјави денеска директорот на руската Федерална служба за контрола на циркулирање на дрогата, Виктор Иванов.

На состанокот на Координативниот совет на Организацијата за колективна безбедност и соработка, која во 1992 година ја основале членките на поранешниот СССР во Москва, Иванов нагласи дека алармантниот резултат од 13 години воена интервенција на НАТО во Авганистан е појавување на добро организирани антивладини вооружени формации со над половина милион припадници.

Од една страна, овој вооружен контингент е логично вклучен во многу профитабилно производство на дрога и нејзин меѓународен транзит, а од друга страна служи како извор за регрутирање платеници во регионалните судири во Централна Азија и на Блискиот исток.

– Очевидно е дека без спречување на масовното авганистанско производство на наркотици, вооружените судири на овие простори не можат да се решат, додаде Иванов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.