сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 2

ИД ја презеде одговорноста за нападите во Брисел

Терористите се заканија и со нови напади во Европа.

Приходите на ИД за една година намалени за околу 30 отсто

Приходите на ИД за една година намалени за околу 30 отсто

Поврзани вести

Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за денешните терористички напади во Брисел, пренесоа светските агенции.

Екстремистите одговорноста ја презедоа со соопштение лиферувано преку агенцијата Амак, која важи за многу блиска до нив.

„Борци на Исламска држава извршија серија атентати со помош на појаси со експлозиви и експлозивни направи. Тие нападнаа аеродром и станици на метрото во центарот на белгиската престолнина Брисел – една земја која учествува во меѓународната коалиција против Исламска држава“, се наведува во соопштението, со кое ИД ја презеде одговорноста за нападите.

Терористите во истото коминике се заканија и со нови напади во Европа.

Британските медиуми пренесуваат дека поддржувачи на ИД на социјалните мрежи се фалеле со нападите во Брисел.

„ИД ќе ве натера илјада пати да се замислите пред повторно да помислите да убивате муслимани“, вели поддржувач на ИД на Твитер.

Најчитани вести