ИД ја презеде одговорноста за нападот во Тунис

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Тунис

Џихадистите од Исламска држава ја презедоа одговорноста за вчерашниот напад врз туниски хотел, во кој загинаа 39 лица, вклучуваќи и Британци и Германци, пренесуваат светските медиуми.

– Нашиот брат, војникот Халифата Абу Ихија ал Кајруни ја достигна целта, хотелот Империјал и покрај мерките за безбедност, објавија приврзаници на ИД на Твитер и додадоа дека „тој убил 40 неверници“.

Во објавата се вели дека повеќето од убиените биле граѓани на „држави во крстоносниот сојуз, кои се во војна со калифатот“.