ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Како во ИД се казнуваат пушачите

Во ова вознемирувачко видео се гледа како во терористичката организација Исламска држава – ИД се казнуваат пушачите.

Видео снимката на кое се гледа бруталното тепање на соборците поради заплената на сигари на подрачјето што е под контрола на ИД се појави неодамна на интернет.

Според правилата на ИД, пушењето е обичај што не е во согласност со верата а прекршителите првиот пат се казнуваат со 40 удари со камшик.

Во случај надредените да ги фатат и втор пат, казната е камшикување и краток притвот, додека третиот пат се казнува со затвор.

Како што пишува Раша тудеј, во јавноста протече снимката на убиството на висок командант во ИД кој во февруари беше обезглавен поради пушење.

На телото му напишале „ова е зло“, а наводно цигарата сеуште му била во уста.