ИД Киднапира 182 деца во Мосул

САД: Исламска држава ја губи битката
САД: Исламска држава ја губи битката

ИД киднапира 182 деца во Мосул и ги обучува за бомбаши самоубијци. Како што пренесуваат светските медиуми, киднапираните деца во северниот ирачки град Мосул припадниците на ИД планираат да ги обучат да бидат милитанти, како и да ги користат како бомбаши самоубијци.

-Во минатите неколку дена, џихадистите киднапираа 182 деца во градот Мосул. Децата се префрлени во центрите за идеолошка обука и ракување со оружје и експлозиви, рече претставникот на Курдистантската демократска партија во Мосул, Саид Мамузини.

Исламската држава контролира поголеми делови од територијата на Ирак и Сирија а градот Мосул го завземаа во јуни 2014-та година после пребегувањето на ирачката војска.

Деца од ИД егзекутираат војници

ФОТО+ВИДЕО: Деца од ИД егзекутираат 25 војници
ФОТО+ВИДЕО: Деца од ИД егзекутираат 25 војници

Џихадистите од ИД се почесто во последно време користи деца за извршување на убиства и егзекуции.

На почетокот на месецов  Исламска држава објави ново крајно вознемирувачко видео на ко се гледа како момчиња кои едвај имаат 13 години вршат егзекуција на 25 заробени војници.

Војници на ИД, се наоѓаат во древниот град Палмира, каде веќе уништија голем дел од светското наследство.

Војници на ИД, се наоѓаат во древниот град Палмира, каде веќе уништија голем дел од светското наследство.