ИД киднапира најмалку 90 христијани во североисточна Сирија

Џихадисти од групата Исламска држава киднапирале најмалку 90 христијани во североисточна Сирија.

Сирискиот центар за човекови права соопшти дека ИД денеска киднапирала верници од Асириската источна црква близу градот Тел Хмар во провинцијата Јасака.

Масовното киднапирање е извршено во момент на офанзива од курдските сили во северроисточна Сирија против Исламска држава. Пешмергите успеаја да ја пориснат ИД од дваесетина села во провинцијата Хасака.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.