ИД киднапирала 50 цивили во Сирија

Џихадисти од групата Исламска држава (ИД) држат како заложници најмалку 50 цивили, кои се заробени за време на воздушниот напад пред десет дена врз село во централниот дел на Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

За киднапирањето не е претходно соопштено со цел да не се нарушат преговорите за ослободување на зложниците.

Десетмина заложници, од кои шест жени, се Исмаилити, малцинска група на шиитскиот ислам. Останатите 40 се сунити, од кои најмалку 15 жени, пренесува МИА.

– Се стравува дека жените се третираат како робови, изјави директорот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.

Според него, ИД ги киднапирал Исмаилите бидејќи ги смета како „неверници“, а сунитите бидејќи им биле лојални на Исмаилите.

На 31 март ИД егзекутира најмалку 37 цивили во Мабуџа, меѓу кои и две деца.