Свет

ИД: Ќе ја запалиме Америка, ќе ги повториме нападите од 11-ти септември

ИД: Ќе ја запалиме Америка, ќе ги повториме нападите од 11-ти септември

Екстремистите од ИД објавија видео снимка во која им се закануваат на сите Американци и ги предупредуваат дека ќе ги повторат нападите од 11-ти септември 2001-ва година, пренесува Б92.

Во видеото се наведува дека движењето на џихадистите станало уште поголемо и помоќно од времето кога Ал Каеда ги нападна Њујорк и Вашингтон пред 14 години и дека сега се подготвени повторно да „удрат“ врз САД.

Екстремистите од ИД предупредуваат дека „нема сигурност за ниту еден Американец во светот“ и дека се способни и доволно силни за „повторно да ја запалат Америка“.

Видео снимката насловена „Ќе ја запалиме Америка“ ги повикува симпатизерите на ИД да ги нападнат САД, тврдејќи дека сигурноста на тамошните граѓани е само „фатаморгана“.

Исто така, прикажани се и дел од пуктониците во Париз и Отава за да се нагласи дека по Франција и Канада, САД се следни.

– Со дозвола на Алах наскоро ќе го повториме 11-ти септември, се наведува во пропагандната снимка на ИД.