Свет

ИД користи хемиско оружје оружје против Курдите

ИД користи хемиско оружје оружје против Курдите

Алармантни фотографии на Курди убиени од борци на „Исламска држава“ ги потврдуваат стравови дека кољачите на ИД користат хемиско оружје, земено од старите арсенали на Садам Хусеин, пишува „Фокс њуз“.

Сликите објавени од Middle East Review of International Affairs (MERIA), кои ги покажуваат телата на сириски Курди, изгледаат како да умреле од испарувања во опколениот Коба. Ова се случува само еден месец откако „Исламска држава“ го зазеде Мутана, заедно со озлогласениот воен арсенал на Садам, кој се наоѓал таму.

Џонатан Спајр, уредник во гореспоменатиот медиум, вели за „Фокс њуз“ дека експертите веруваат дека Курдите биле подложни на нешто „што претставува некаков воен гас“. Според нив хемиско оружје било користено на 12 јули во селото Авидко што се наоѓа во близина на Кобане.