Терористичка група ликвидирана во Мароко

Седумчлена терористичка група ликвидирана во Мароко, од страна на силите за безбедност на земјата.

Групацијата се состоела од луѓе поврзани со екстремистичката Исламска држава.

Терористите дејствувале во градовите Танџер, Асила и Сбаа Ајун. Нивни лидер бил џихадист кој одлежал во затвор заради врски со Ал Каеда во Ирак.

Операцијата ја извршило Централното биро за судска истрага формирано во март оваа година за борба со криминал и терористички закани.

Западни медиуми јавуваат дека Рабат не крие стравување од џихадистички закани. Над илјада Мароканци се во редовите на Исламска држава.