ИД му продавала нафта и на сирискиот претседател Асад

Меѓу документите на убиениот нафтен тајкун на т.н. Исламска држава Абу Сајафа биле пронајдени и тајни документи за продажба на нафта на сирискиот претседател Башар ал Асад, пишува Волстрит журнал, пренесува „Танјуг“.

Сајаф е убиен пред речиси една година, а американскиот весник дури сега ја објаува документацијата што открива како тој ја изградил мрежата на трговци на големо и мало кои што на терористите им овозможиле огромна заработка од нафтата.

Благодарение на нафтата тие станале најбогата терористичка организација во светот.

Задачата на Абу Сајаф била и одобруање на средства за трошоците на робовите и обнова на нафтените наоѓалишта што биле уништени во нападите. Од запленетите таблички може да се види дека вкупните приходи на ИД од продажбата на нафтата во период од шест месеци, заклучно со февруари 2016-тата, изнесувале 289, 5 милиони долари.

ИД месечно заработувала 40 милиони долари само од продажбата на нафтата на сирискиот претседател Башар ал Асад, откако биле осигурани најбогатите сириски нафтени полиња.

Дури 72 отсто од заработката на ИД пристигнале од провинцијата Деир Езур и Ал Хасака во Сирија, каде главен бил токму Абу Сајаф.

Дел од нафтата што ја произвела ИД завршил во Турција, а токму поради големиот профит од продажбата на нафтата САД во воздушните напади цели и кон нафтената инфраструктура.