ИД на кратко го зазеде центарот на градот Сабрата во Либија

Сојузниците на Исламска држава го зазедоа центарот на Сабрата, град во западна Либија и локација од која мигрантите се упатуваат кон Европа, изјави високиот претставник на либиската војска, Тахер ал Гарабили.

Тој истакна дека опсадата траела кратко и дека либиските воени сили рано изутринава ги принудиле милитантите на ИД да се повлечат.

Напаѓачите го освоиле центарот на Сабрата користејќи го безбедносниот вакуум во центарот на градот, во момент кога либиските војници биле зафатени со рации во другите делови на градот.

– Терористите од ИД ги оставиле зад себе телата на 12 либиски војници со отсечени глави, рече Гарабили.

Во воздушните напади на САД минатата недела врз базата на ИД во Сабрата загнаа повеќе десетици милитани. Во тие напади загинаа и двајца службеници на Амбасадата на Србија во Либија, кои биле киднапирани во ноември минатата година.