Свет

ИД нареди исклучување на безжичниот интернет за време на молитва

ИД нареди исклучување на безжичниот интернет за време на молитва

Групата „Исламска држава“ нареди на сопственици на локали да го исклучат безжичниот интернет за време на молитва во источниот сириски град Деир ал Зур, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Центарот се повикува на документ на ИД, добиен од активисти, во кој се наведува сите сопственици на локали да го исклучат безжичниот интернет за време на молитва. Муслиманските молитви се вршат пет пати на ден.

Документот бил издаден од самопрогласените власти на ИД во градот, кои го следат јавното однесување. Екстремистичката организација контролира поголем дел од провинцијата Деир ал Зур, како и провинцијата Рака во Северозападна Сирија.