ИД обезглави осум муслимански шиити во нов видеозапис

Припадници на Исламската држава на социјалните мрежи објавија снимка на која се гледа како нејзините борци обезглавуваат осум мажи, за кои тврдат декс се муслимански шиити.

Според снимката мажите се убиени во централната сириска провинција Хама. Тие се облечени во портокалови комбинезони, рацете им се врзани на грбот и се водат кон поле од страна на момче на тинејџерска возраст.

Потоа мажите се предадени на борци од ИД, при што секој од нив добил нож од од едно од момчињата и ја обезглавил жртвата.

Член на ИД зборува на снимката против шиитите и ги нарекува „валкани неверници“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.