ИД објави фотографии на деветте напаѓачи во Париз

ИД објави фотографии на деветте напаѓачи во Париз
ИД објави фотографии на деветте напаѓачи во Париз

Екстремистичката организација Исламска држава денеска објави фотографии на девет лица за кои тврди дека ги извеле нападите во Париз на 13 ноември, при што загинаа 130 луѓе.

– Меѓу нив се и двајца Ирачани, за кои претходно не се знаеше, објави организацијата СИТЕ, која ја следи активниоста на џихадистите на интернет.

Во интернет списанието на ИД „Дабик“ тие се идентификувани како „Ирачанинот Укашах“ и „Ирачанинот Али“.

Тие двајцата би можеле да бидат бомбашите-самоубијци кои се обидоа да го нападнат стадионот во Париз. Ирачаните имале сириски пасоши ,за кои се претпоставува дека се лажни, а нивниот идентитет не може да биде утврден.

Девет мажи, поделени во три групи нападнаа стадион, повеќе кафулиња и концертна сала во Париз. Досега се идентификувани седуммина.