ИД објави фотографии од нови погубувања

Џихадистите од ИД денес на интернет објавија нови фотографии од обезглавување на четворица мажи за кои тврдат дека регрутирале луѓе за провладините паравоени сили за борбата против ИД во северен Ирак.

На фотографиите се гледа како четворица мажи облечени во црно клечат во една празна улица, додека џихадистите со ножеви стојат зад нив, а потоа се гледа дека на мажите им се отсечени главите, пренесува АФП.

Агенцијата наведува дека погубувањето е извршено вио провинцијата Салахедин, каде ирачките трупи со поддршка на паравоените сили се борат за контрола над провинциската престолнина Тикрит која во моментов ја држат џихадистите.

Засега не е позната точната локација каде се снимени фотографиите, а засега неможе да се потврди ниту нивната автентичност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.