ИД од Турција го нападна Кобане: На чија страна е Турција?

Рано изутринава Екстремистите од „Исламската држава“ од Турција го нападнале сирискиот град Кобане.

-Ова е прв таков напад во повеќемесечната опсада на тој град на границата меѓу двете држави, соопштиле сириски функционери.

Офанзивата на исламистите почнала со самоубиствен напад во кој учествувало едно оклопно возило, на смаиот граничен премин.

Вториот бомбаш самоубиец, кој носел појас со експлозив подоцна, на истото подрачје го активирал, наведе Опсерваторијата.

Според податоците на активистите, потоа судирите се разгореле низ целиот град, а уште еден автомобил-бомба бил активиран на југ.

Најмалку 30 борци на обете страни досега загинаа, меѓу кои 21 припадник на ИД и девет припадници на курдските сили, соопшти директорот на опсерваторијата Рами Абдул Рахман.