ИД официјално презеде одговорност за нападот во ноќен клуб во Орландо

Преку официјалното радио Ал Бајан џихадитичкта Исламска држава презеде одговорност за убиството на 50 луѓе во ноќен клуб во Орландо и наведе дека тоа е дело на „војник на калифатот“.

– Бог му дозволи на брат Омар Матин, еден од војниците на калифатот во Америка да ја пробие безбедноста во ноќен клуб во Орландо и да убие или рани над 100 луѓе пред да биде убиен, објави радиото.

Новинската агенција Амак, поврзана со ИД, исто така јави синоќа дека масовното убиство е извршено од припадник на ИД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.