Свет

ИД ослободи 93 курдски цивили

ИД ослободи 93 курдски цивили

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) ослободила 93 курдски цивили, кои ги киднапирала во февруари, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Во февруари ИД киднапира над 160 курдски цивили, кои екстремистите ги обвинуваат дека се членови на Курдскиот демократски сојуз, кој е главна курдска партија во Сирија, а чии сили се борат против ИД во пограничниот град Кобане.

Невладината организација, со седиште во Лондон, не потврдува зошто овие заложници се ослободени.

Педесет и тројца од ослободените Курди можеле да влезат во Турција, а останатите 40 се уште се наоѓаат на сириска територија.