ИД оствари значителен напредок во Ирак

Групацијата „Исламска држава“ оствари значителен напредок во Ирак, изјави генералот од резервниот состав на САД и координатор на меѓународната коалиција, Џон Ален.

Тој на прес-конференција во Стејт департментот истакна дека воздушните напади врз позиции на ИД во Ирак и Сирија не водат „ниту до победници, ниту до победени“.

Генералот Ален по турнејата на Блискиот Исток, каде ги посети Ирак, Јордан и Турција нагласи дека земјите од коалицијата се едногласни дека воениот аспект е важен, но не и доволен за победа врз радикалната исламистичка групација.

Портпаролот на Пентагон, контраадмиралот Џон Кирби изјави дека во воздушните нападите за заштита на градот Кобане, кој се наоѓа на турско-сириската граница биле убиени неколку стотици борци на ИД, но оти се уште постои опадност градот да падне во рацете на групацијата.