Свет

ИД планира да урне пет авиони?

ИД планира да урне пет авиони?

Тајниот план за кој сепак се дознало во последните два месеци е дека борците на Исламската држава планираат да нападнат авиони кои сообраќаат кон најголемите европски дестинации.

Заканата е земена сериозно и се работи на тоа да се забрани каков било рачен багаж.

Постои можност да се забранат и мобилните телефони и други електрични уреди  во авионските кабини поради заканатаод нападот, кој според Сандеј експрес, бил планиран во стилот на „11 септемвти“.

Предупредувањето дошло откако официлајни лица од Вајтхол признале дека постои можност за напад, особено со оглед на фактот дека голем број џихадисти се враќаат од борбите на Исламската држава во Сирија и во Ирак.

Еден од службениците од обезбедувањето на аеордромот, за Сандеј експрес, кажал дека мета се пет авиони, и тоа пред Божик.

Преговорите продолжуваат на високо ниво и тоа оди до Владата, но, до сега е малку направено.

Весникот дознава дека во прашање се само големите градови во Европа.