ИД планира напад на Лондон со „валкана бомба“

Припадниците на терористичката организација Исламската држава тврдат дека коструирале т.н. „валкана бомба“ односно класична експлозивна направа со радиоактивна содржина чија цел е да контаминира голем простор и мноштво луѓе.

Милитантите со своето наводно ново оружје се пофалиле на социјалните мрежи, а еден припадник на ИД наведува дека таквата пеколна направа може да предизвика вистински хаос во Лондон.

Иако не е можно да се потврди дали џихадистите навистина поседуваат валкана бомба или не, факт е дека во јули исчезнале 40 килограми ураниум од универзитетот во Мосул, град кој моментално е под контрола на ИД.

Меѓу радикалите кои се пофалиле со новото оружје е и британскиот пиротехничар Хамајун Тарик, кој на џихадистите им се приклучил уште пред две години, а на Твитер напишал:

– Ех, да, Исламската држава има валкана бомба. Најдовме некој радиоактивен материјал на Универзитетот во Мосил, за што Мирир пишуваше. Сега ни претстои да сфатиме што се тоа валкани бомби, какви последици предизвикуваат и што би можело да се случи ако ја детонираме на јавно место.

Во следните објави Тарик пишува за повеќе напади во Лондон, но Твитер потоа му го укинал профилот.