петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

ИД планира напади со биолошко и хемиско оружје

Постои „оправдана загриженост" дека терористичката група се обидува да добие супстанца која може да се користи за да се развие билошко, хемиско и радиолошко оружје, јавува „Индипендент“.

ИД планира напади со биолошко и хемиско оружје

ИД планира напади со биолошко и хемиско оружје

Поврзани вести

Терористичката група Исламска држава планира напади со билошко и нуклеарно оружје во Европа, сметаат функционери на НАТО и ЕУ, пренесува Танјуг.

Постои „оправдана загриженост” дека терористичката група се обидува да добие супстанца која може да се користи за да се развие билошко, хемиско и радиолошко оружје, јавува „Индипендент“.

Заменикот-шеф за противтероризам во Европската комисија Хорхе Берто Силва на саемот за безбедност и противтероризам во Лондон изјави дека ИД покажува заинтересираност да ги добие овие супстанци, пренесува „Индипендент”.

Џејми Шеј, заменик-помошник генерален секретар за новите безбедносни закани, рече дека НАТО „знае дека терористите се обидуваат да ги добијат овие супстанци.” Тој, исто така, предупреди дека ИД можеби се распаѓа на две фракции, една, која се занимава со заштита на т.н. калифат во Ирак и Сирија, и втора, кој е фокусирана на формирање терористички ќелии за напади на Европа, објави „Телеграф”.

Белгиските власти, во меѓувреме, објавија дека веруваат дека по нападот на Брисел, во Европа се испратени уште екстремисти од редовите на ИД.

Најчитани вести