ИД планира напади на САД

Постигнат договор за 48-часовен прекин на огнот на некои места во Сирија
Постигнат договор за 48-часовен прекин на огнот на некои места во Сирија

Американските власти ги предупредија припадниците на војската дека постои можност екстремистичката групација Исламска држава да планира да ги нападне во САД, јави Еј-Би-Си њуз, пренесе МИА.

Федералното истражно биро и одделението за внатрешна безбедност апелираа до војниците од своите профили на социјалите мрежи да ги избришат сите податоци, кои го откриваат нивниот идентитет или кои би можеле да го привлечат вниманието на „насилните екстремисти“.

Еј-Би-Си наведува дека Владата добила разузнавачки информации дека припадниците на ИД, кои освоија делови од Ирак и Сирија планираат напади на територијата на САД.