Свет

ИД поголема закана за САД од Ал Каеда

ИД поголема закана за САД од Ал Каеда
Над 20 илјади странски борци заминале да се борат за ИД

Напорите на радикалната група Исламска држава да поттикнува Американци со проблеми да се свртат кон насилство прерасна во поголема терористичка закана за САД од надворешните напади на Ал Каеда, изјави директорот на ФБИ Џејмс Коми.

Исламска држава влијаела на значителен, но непознат број Американци, преку кампања што со години ја води на социјалните мрежи, повикувајќи ги муслиманите кои не можат да патуваат до Блискиот Исток да убиваат, каде и да се, истакна Коми на конференција за безбедноста во американската сојузна држава Колорадо.

Членови на „Твитер“ поврзани со групата ИД, имаат над 21.000 следбеници што зборуваат англиски јазик низ целиот свет, илјадници од кои може да се американски граѓани, пренесува МИА.

Директорот на ФБИ соопшти дека во изминатите осум недели агенцијата уапсила значителен број радикализирани граѓани, без да објави точен број. Тој истакна дека некои од уапсените планирале напади, поврзани со националниот празник Денот на независноста.

 

Повеќе на оваа тема прочитајте на следниов ЛИНК.